БИДИ ДЕЛ ОД МРЕЖАТА НА „Јас Сум Жена“
Ако веруваш во женска поддршка и солидарност,
ако веруваш во моќта на вмрежувањето и заедничкото делување;
ако практикуваш споделување на знаење, вештини и ресурси;
ако се залагаш за полова рамноправност и
ако сакаш да бидеш инспирирана и инспирација за следната генерација жени,
тогаш мрежата на „Јас Сум Жена“ е местото каде што припаѓаш.
БИДИ ДЕЛ ОД МРЕЖАТА НА
„Јас Сум Жена“
"Ако веруваш во женска поддршка и солидарност, ако веруваш во моќта на вмрежувањето и заедничкото делување; ако практикуваш споделување на знаење, вештини и ресурси; ако се залагаш за полова рамноправност и ако сакаш да бидеш инспирирана и инспирација за следната генерација жени,
тогаш мрежата на „Јас Сум Жена“ е местото каде што припаѓаш."
Ексклузивна библиотека
Ексклузивни настани
Бесплатно присуство на еден настан исклучиво само за членови на
Јас Сум Жена.
Членски попусти
Попуст за котизација за семинари и останати настани организирани од
Јас Сум Жена (за физичко лице)
Заеднички напредок
Поволности:
Индивидуално членство
1200 ден/годишно
Важи 12 месеци од датумот на уплатата
- Информации за годишна програма за настани и обуки организирани од Јас Сум Жена
- Непречен ексклузивен пристап до сите видео записи од реализирани настани, анализи, изданија, податоци и други стручни информации.
- Бесплатно присуство на еден настан само за членови на Јас Сум Жена.
- Попуст за котизација за семинари и останати настани организирани од Јас Сум Жена (при уплата од страна на физичко лице)
- Користење на ресурси на Јас Сум Жена
- Предност во деловна соработка за потребите на Јас Сум Жена
- Користење на вашите стручни квалификации за унапредување на областа во која сте експерти (преку учество во стручните работни групи и служби, комисии и други репрезентативни тела на Јас Сум Жена).
Членство за правни лица
6000 ден/годишно
Важи 12 месеци од датумот на уплатата (на фактура)
- Банер/рекламирање од Вашата компанија на нашата веб страна
- Присуство на настан на едно лице од организацијата, без надомест, според годишната програма за настани на Јас Сум Жена
- Попуст за котизација за семинари и останати настани организирани од Јас Сум Жена
- Непречен ексклузивен пристап до сите видео записи од реализирани настани, анализи, изданија, податоци и други стручни информации.
- Користење на ресурси на Јас Сум Жена
- Предност во деловна соработка за потребите на Јас Сум Жена.
- Користење на вашите стручни квалификации за унапредување на областа во која сте експерти со ваш претставник (преку учество во стручните работни групи и служби, комисии и други репрезентативни тела на Јас Сум Жена).
Стани член во 4 лесни чекори:
1
Пополнете ја пристапницата
Пополнете ја пристапницата со вашите информации и
потпишете ја дигитално.
2
Извршете уплата
во банка
Извршете уплата во банка и фотографирајте ја уплатницата.
3
Испратете
е-пошта
Испратете ја фотографијата
од уплатницата на jassumclen@jassumzena.mk.
4
Потврда за
активно членство
Уплатница
Подготвена си да бидеш инспирација
за следната генерација жени?
Твојата промена започнува денес.
Затоа што твоите цели се достижни и твојата визија заслужува поддршка - со вистинската мрежа позади тебе!
Често поставувани прашања:
Членството е отворено за секоја девојка или жена, како и за организации што ја поддржуваат нашата визија и цели. Сите кои се согласуваат со мисијата на здружението и ја уплатиле годишната членарина можат да станат дел од нашата заедница.
Членарината се плаќа еднаш годишно и важи 12 месеци од денот на уплатата.
На пример, ако е уплатена на 1 септември 2024 година, членството ќе трае до 31 август 2025 година.
Извршете банкарска трансакција на нашата сметка и испратете ја скенираната/фотографирана уплатница на jassumclen@jassumzena.mk.
Податоците за нашата банкарска сметка се прикажани на примерокот од фотографијата.
На е-пошта ќе добиете единствен пристапен код, кој ви овозможува да се најавите на платформата каде ќе имате непречен ексклузивен пристап до ексклузивната библиотека на „Јас Сум Жена“и да ги користите сите останати придобивки.
Јас Сум Жена организира настани кои се отворени за пошироката јавност и настани кои се наменети ексклузивно и само за членови.
Членството се обновува или продолжува со повторна уплата на членарината пред истекот на предвидениот рок, а корисникот добива потсетување преку е-пошта 30 дена пред истекувањето, притоа пристапниот код и вашиот профил остануваат непроменети.
Испратете е-пошта на jassumclen@jassumzena.mk со вашето име и презиме и датум на уплата; тимот ќе ви испрати копија од кодот или ќе издаде нов, според потреба.