Лахтова Ката
(1924-1995)
Првата жена Претседател на Собрание на Република Македонија.
Била учесничка во НОБ и по војната извршувала повеќе политички и државни функции. Се залагала за развој на општествено-политичкиот и економскиот живот и за доминантната улога на работничката класа. Лахтова, меѓу другото, била претседателка Конференцијата за општествена активност на жените, членка на Секретаријатот на Сојузниот одбор за општествена положба на жените во Југославија, делегат на Собранието за СР, во Собранието на СФРЈ и претседателка на Општествено-политичкиот одбор на Собранието на Социјалистичка Република Македонија. Функцијата претседател на Собранието на Републиката ја извршувала од 1984 до 1985 и досега е единствената претседателка.