Skip to main content

Јас Сум Жена

Малинска Веселинка

(1917-1987)

Првоборка во НОБ, политичкарка, новинарка и броец за правата на жените

Во 1936 станала членка на КПЈ, а во 1939 во Белград се приклучила не непартиското, феминистичко движење „Женски покрет“. Била партизанка и секретар на Агитроп при генералштабот на НОВ и ПОМ. Била членка на Иницијативниот одбор на АФЖ на Македонија, а потоа и негов секретар. Била главна и одговорна уредничка на „Македоника“, првиот женски весник на македонски јазик. Била уредничка на „Нова Македонија“, директорка на Радио Скопје, претседателка на ЗНМ, членка на претседателството на ЦК на СКМ, претседателка на Универзитетсткиот совет на Извршниот совет на собранието на СРМ, пратеничка и членка на претседателството на СРМ.

 

Носителка е на партизанска споменица.

Translate »
Translate »