
Милосавлева Олга
(1934-1997)
Балерина, балетски кореограф и педагог.
Балетско училиште завршила во Скопје. Била дел од првата генерација балетски уметници кои го формирале Балетот при МНТ од 1949 до 1997, а и негова директорка во два мандати. Се занимавала со кореографија и е авторка на кореографијата на првиот и единствен македонски балетски филм „Лабин и Дојрана“. Олга Милосавлева се вбројува меѓу најплодните кореографски имиња на нашата балетска сцена.