
Нацева Мара – Анка
(1920-2013)
Учесничка во НОБ, делегат на АСНОМ и АВНОЈ и народен херој
Во 1939 во Ниш станала членка на КПЈ, а во 1940 станала членка на тамошниот Местен и Окружен комитет на КПЈ и учествувала на Петта земска конференција на КПЈ како претставничка на Србија. Во 1942 била уапсена и интернирана во логор за жени во Бугарија. Била членка и делегат на АВНОЈ и делегат и учесничка на работењето на Првото заседание на АСНОМ. По ослободуваљњто била претседателка на АФЖ на Македонија и потпретседателка на Централниот одбор на АФЖ на Југославија. Нацева била и членка на Централниот комитет на КПЈ и републички и сојузен пратеник. Прогласена е за народен херој на Југославија и носителка е на Партизанска споменица 1941.