
Николова Георгиева Невена – Дуња
1925 – 1942
Невена Георгиева Дуња е припадничка на младинското, синдикалното и работничкото движење меѓу двете Светски војни, организатор и учесник во оруженото востание во Македонија (од 1941). Со своите 16 години, била најмладата партизанка во Првиот скопски партизански одред. По разбивањето на Одредот (октомври 1941) заминала во Велес, а во ноември во Струмица. Во мај 1942 г. (во отсуство) била осудена на 7 години строг затвор. Во септември 1942 г. станала борец на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“; загинала во судир со бугарската полиција и контрачетниците кои, откако тешко ја раниле, ѝ ја отсекле главата.