Јас Сум Жена

Ребека Јанковска Ристески, една од основачките на здружението за вмрежување на успешни жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“ денес беше на прием кај првата жена претседател на Македонија, проф. Др. Гордана Сиљановска Давкова.

На средбата, Ребека ги претстави заложбите, активностите и програмата на здружението во насока на стекнување вештини, вмрежување и создавање можности за идните генерации. Претседателката Сиљановска Давкова ги сумираше впечатоците од минатогодишната Глобална Женска Лидерска Конференција каде беше гостинка, а Ребека ја претстави агендата за престојната, трета по ред, Глобална Женска Лидерска Конференција која ќе се одржи на 31 август и 1 септември оваа година.

Како долгогодишен активист за правата на лицата со попречености и мајка на дете со аутизам, Ребека имаше можност да зборува за секојдневните предизвици со кои се соочуваат лицата со попречености и предложи идеи за нивно ублажување, до целосно надминување.

Претседателката Сиљановска Давкова ги поздрави посветеноста и заложбите на Здружението „Јас Сум Жена“ и ја изрази својата поддршка посакувајќи успех во предвидените активности.