Јас Сум Жена

Спировска Мена – Менче

(1928-2011)

Првата академски образована ликовна уметничка во Македонија

 

Спировска била прва графичарка во Македонија, пионерка во модерната уметност, а главно работела дрворез, како и цртежи во кои комбинирала различни техники и уметнички правци. Женскиот елемент бил нејзина главна карактеристика, прикажувана во женски ликови и актови. Творела во периодот од 1955 – 1962. Нејзините дела биле изложени во: Скопје, Штип, Битола, Белград, Подгорица, Дижон, Мексико Сити, Лондон и други места.