
Стрезова Крстева Сирма Сирма војвода
1776 – 1864
Сирма војвода е војвода на ајдутска дружина. Според народните песни, откако ги надминала сите 70 свои соборци во ајдутските вештини, била избрана за војвода. Дејствувала како народен заштитник од турските насилници и албанските качаци главно на планините Стогово и Крчин. Поради стапување во брак со бајрактарот на четата Велко Спиров (од Крушево), се повлекла од ајдутскиот живот (1818) и со него живеела во Прилеп. Со неа, како 80-годишна старица, се сретнал и Димитар Миладинов (1856/7). Била убиена од прилепските Турци. Опеана е во неколку народни песни.