Јас Сум Жена

Фирфова Данка

1918 – 2003

Оперска пејачка – сопран и првенка на Операта на МНТ.

 

Пеење учела во Белград  и Софија, а се усовршувала и на Миланската скала во Италија. На почетокот на кариерата работела како наставничка по музичко воспитување во Земун, Велес и Скопје, а во 1947 учествувала во првите изведби на операта „Кавалерија Рустикана“ на македонски јазик, со што станала една од основачите на Македонската опера. Музичката критика го истакнувала нејзиниот прекрасен драмски сопран, со голема носивост, заобленост и топлина.