Првата Глобална Женска Лидерска Конференција во Македонија ,,Јас Сум Жена” се одржа на 20 и 21 Јули, 2022 година во МКЦ-Кино Фросина, Скопје, во организација на 3 млади жени, ентузијасти за унапредување на правата и положбата на жените воМакедонија: Ана Дукоска, основачка на иницијативата „Македонците во светот“, Илина Пејоска Затуроски, UI/UX дизајнерка и сопственичка на мал бизнис БЕБЕ БОКС ДООЕЛ и Катерина Климовска, претседателка на ИСЛАА-алумни асоцијацијата на школата за млади лидери Иванов.
13 исклучително реализирани македонски жени од многуте во Македонија и надвор од неа, на 4 панел дискусии, разговараа за предизвиците и проблемите со кои секојдневно се соочува една Македонка во Македонија и надвор од неа, го пренесоа своето знаење, искуство и понудија идејни решенија за поголема интеграција и еманципација на секоја жена во Македонија.
Конференцијата беше отворена со видео биографии на Македонки низ историјата кои допринеле за подобро место на жената во општеството во Македонија, а беше затворена со изложба на рачни изработки на македонски занаетчики: Македонски Рубин и Охридски Бисери Ристески на 20ти Јули и изложба на ексклузивни модели со македонски мотиви изработени од дизајнерката Силвија Алшар на 21ви Јули.
Македонски жени кои храбро ги рушат кариерните стереотипи и секојдневно се борат со карактеристиките и улогите утврдени и ограничени според нивниот пол.
Македонски жени во светот кои изградилеуспешни кариери надвор од Македонија, подготвени да го споделат своето искуствоза подобрување на системот во Македонија.
Македонски жени, креаторки на стратегии, носителки на одлуки, лидерки на државни, јавни функции во Македонија.
Македонски жени кои ги следат и имплементираат најновите техички, дигитални и комуникацискисветски трендови, сопственички на бизнис и лидерки во мултимедијалниот сектор.
Панелистка
Претседателка на Секција
на жени при Македонски ПолицискиСиндикат
Панелистка
Основачка на Ways2Help,
Women in Tech Macedonia Ambassador, Chicago World Fellow Consultant
Панелистка
Докторанд и асистент на
Универзитетот Окланд – Нов Зеланд и Основачка на ,,Македонски Камерен Хор” – Нов Зеланд
Панелистка
Сопственичка на спортски бренд „Di Biaggio NY“ и ранч за хипнотерапија „The Countryside Retreat”