Втората Глобална Женска Лидерска Конференција во Македонија „Јас Сум Жена“ се одржа на 2 и 3 Септември, 2023 година во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид во организација на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“.
Конференцијата беше отворена со ликовна изложба со портрети од панелисткитечии автори се Ева Китрозоска и Мила Пеовска. Темите кои беа опфатени на конференцијата беа поделени во четири области и тоа:
● Македонки во градежна индустрија
● Македонки во нетипични професии
● Македонки и културна промоција на Македонија
● Македонки во светот.
Во склоп на конференцијата, предавање под назив „Свето Тројство за брилијантност“ одржа тренерот за животни вештини, Вишња Дурацоска. Домаќинката Наташа Неданоска одржа поздравен мотивациски говор во нејзината домаќинска куќа „Пирустија Неданоски“, по кој следуваше Арт Терапија „Цртаме во ⅞ такт“ подводство на лиценциран психолог Цветанка Бурзевска со музичка придружба на ЕваКитрозоска, Елена Андрееска и Мила Пеовска.
Модераторка на панел дискусијата
Модераторка на панел дискусијата
Панелистка
Професионален офицер
Панелистка
Искусен архитект. Прв дипломиран оџачар во Република Македонија.
Тренер за животни вештини.
Панелистка
Деканка на Факултетот за музичка уметност и редовен професор по Група наставни предмети од областите теорија на музиката, музички форми со анализа, хармонија и полифинија со анализа и композиција.
Панелистка
Пратеничка во Собрание на РепубликаМакедонија, професор по Светски музички фолклор, традиционално пеење, група предмети од областа на етномузикологијата, доцент и научен истражувач.
Панелистка
Македонка со импресивно балетско образование меѓу кои и балетската академија во Москва.
Панелистка
Актерка. Глуми во многу ТВ емисии, играни филмови (МАРВЕЛ), ТВ серии и многу други кратки филмови и театарски продукции.
Панелистка
Македонска пијанистка, истражувачка и изведувачка насовремена класична музика.
Опис на Работилницата: Музиката и уметноста, особено сликарството, имаат блиски односи. Околината во која музиката и уметноста се одвиваат заеднички влијае на нашиот креативен процес. На оваа работилница се обидиовме да слушаме различни музички жанрови додека сликавме. Музиката влијае на вашата потсвест, што резултираше со различно сликање. Со други зборови, различни видови музика влијаат на процесот на сликање. На пример, има моќен ефект врз означувањето и изборот на бои.
Цел на работилницата: Постигнување свест за именување и разбирање на нашите емоции, како да ја препознаеме емоционалната состојба во една ситуација и како да се саморегулираме, да ја намалиме зачестеноста на непријатните емоции, да го намалиме нашето емоционално страдање и да бидеме свесни за нашите чувства и емоции во моментот и да имаме пореална проценка на нашите сопствени способности. Научивме како да уживаме во музиката и како да се опуштиме.
Предавач
Психолог, гешталт советник, психотерапевт , практичар и тренер по Арт терапија.
Клавинола.
Ко-Авторка на ликовната изложба.
Вокал.
Ко-Авторка на ликовната изложба.
Флејта.