Женски Економски Форум - 2024
Во организација на „Јас Сум Жена“, „Global Shapers Skopje Hub“ и Факултетот за туризам и бизнис логистика, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, на 23 и 24 март, 2024 година се одржа вториот Женски Економски Форум.
Темата на 23 март беше „Финансии за мали бизниси и фриленсери“ каде учесниците имаа можност да се запознаат со „Тектонски поместувања за нови предизвици во 2024: Нова ера за финансирање на мали и средни претпријатија, стартапи и фриленсери“, дознаа како до нов бизнис во диготална ера и низ интерактивен дел, имаа можност да научат повеќе за финансиско планирање за нови мали бизниси.
Темата на 24 март беше „Штедење и инвестирање“ каде учесниците имаа можност да дознаат повеќе за „Динамиката на економскиот раст и можности за штедење и инвестирање во 2024 година“, се запознаа со Хрватското искуство – 10 години пост ЕУ и низ интерактивна дел, имаа можност да научат повеќе за штедењето, инвестирањето и ризиците од инвестирањето низ призмата на пензиските фондови.