Јас Сум Жена

Претседателката на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување, Ана Дукоска, оствари средба со претседателката на Македонија, г-ѓа Гордана Сиљановска Дафкова.

На средбата се разговараше за резултатите од интерактивните работилници и предавања од бројни експерти од земјата и од странство, истакнувајќи ја важноста на претстојната Глобална женска лидерска конференција ,,Јас Сум Жена“.

Претседателката ја поздрави посветеноста и ангажманот на здружението ,,Јас Сум Жена”, ја истакна важноста на досега преземените активности за стимулирање на активноста на жените во сите сфери на општествениот живот, вклучувајќи ја и политиката и ни посакува плодна работа и успешна конференција!

Translate »
Translate »