Здружението ,,Јас Сум Жена” се приклучува на кампањата ,,Гушни за ретки” во знак на поддршка за меѓународниот ден за ретки болести, 28 февруари.
Претседателката на Јас Сум Жена – Ана Дукоска, испрати порака за живот со достоинство, за системска поддршка, за достапна терапија и навремена дијагноза; за секој родител што води тивка битка, за секое дете што заслужува иднина без страв, за секоја жена што се соочува со предизвиците на ретките болести, но не се откажува!
Оваа прегратка е и повик, за општество што прифаќа, за закони што штитат, за шанса секој да живее без ограничувања.
Лицата со ретки болести не се бројки. Тие се ќерки, синови, сестри, браќа, мајки и татковци. Тие се дел од нас.