Јас Сум Жена https://jassumzena.mk/ ЖЕФ2024 Sat, 24 May 2025 22:39:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.8.1 https://jassumzena.mk/wp-content/uploads/2022/11/cropped-02.-Црвена-Ж-ОФИЦИЈАЛНО-ЛОГО-транспарентно-32x32.png Јас Сум Жена https://jassumzena.mk/ 32 32 ,,Јас сум жена” се приклучи на кампањата ,,Гушни за ретки” https://jassumzena.mk/%d1%98%d0%b0%d1%81-%d1%81%d1%83%d0%bc-%d0%b6%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%b5-%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%ba%d0%bb%d1%83%d1%87%d0%b8-%d0%bd%d0%b0-%d0%ba%d0%b0%d0%bc%d0%bf%d0%b0%d1%9a%d0%b0%d1%82%d0%b0/ Sat, 24 May 2025 22:38:58 +0000 https://jassumzena.mk/?p=7857 Здружението ,,Јас Сум Жена” се приклучува на кампањата ,,Гушни за ретки” во знак на поддршка за меѓународниот ден за ретки болести, 28 февруари. Претседателката на Јас Сум Жена – Ана Дукоска, испрати порака за живот со достоинство, за системска поддршка, за достапна терапија и навремена дијагноза; за секој родител што води тивка битка, за секое […]

The post ,,Јас сум жена” се приклучи на кампањата ,,Гушни за ретки” appeared first on Јас Сум Жена.

]]>
Здружението ,,Јас Сум Жена” се приклучува на кампањата ,,Гушни за ретки” во знак на поддршка за меѓународниот ден за ретки болести, 28 февруари.

Претседателката на Јас Сум Жена – Ана Дукоска, испрати порака за живот со достоинство, за системска поддршка, за достапна терапија и навремена дијагноза; за секој родител што води тивка битка, за секое дете што заслужува иднина без страв, за секоја жена што се соочува со предизвиците на ретките болести, но не се откажува!

Оваа прегратка е и повик, за општество што прифаќа, за закони што штитат, за шанса секој да живее без ограничувања.

Лицата со ретки болести не се бројки. Тие се ќерки, синови, сестри, браќа, мајки и татковци. Тие се дел од нас.

The post ,,Јас сум жена” се приклучи на кампањата ,,Гушни за ретки” appeared first on Јас Сум Жена.

]]>
Соопштение за јавност – „Јас сум жена” во посета на оперската дива Милка Ефтимова, по повод 8 март https://jassumzena.mk/%d1%81%d0%be%d0%be%d0%bf%d1%88%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d0%b5-%d0%b7%d0%b0-%d1%98%d0%b0%d0%b2%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82-%d1%98%d0%b0%d1%81-%d1%81%d1%83%d0%bc-%d0%b6%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%b2/ Sat, 24 May 2025 22:31:44 +0000 https://jassumzena.mk/?p=7845 По повод меѓународниот ден на жената, здружението за вмрежување на успешни жени во Македонија и светот, „Јас сум жена”, традиционално укажува посебна почит на жените Македонки, кои низ годините ја афирмирале македонската култура, историја, наука, уметност, дома и надвор. Оваа година ја посетивме македонската оперска дива, Милка Ефтимова, во нејзиното сегашно престојувалиште, домот за стари […]

The post Соопштение за јавност – „Јас сум жена” во посета на оперската дива Милка Ефтимова, по повод 8 март appeared first on Јас Сум Жена.

]]>

По повод меѓународниот ден на жената, здружението за вмрежување на успешни жени во Македонија и светот, „Јас сум жена”, традиционално укажува посебна почит на жените Македонки, кои низ годините ја афирмирале македонската култура, историја, наука, уметност, дома и надвор. Оваа година ја посетивме македонската оперска дива, Милка Ефтимова, во нејзиното сегашно престојувалиште, домот за стари лица, „Резиденција Дабески лукс”.

– Ви се поклонуваме со истото воодушевување и восхит како во вашите оперски изведби, иако од сцената се простивте пред повеќе од 30 години. Ви благодариме за вашиот целокупен придонес кој го дадовте во афирмација на Македонија, од уникатното уметничко претставување во светот до пренесување на вашето музичкото знаење на бројните генерации уметници кои го продолжија вашиот уметнички правец на домашната и светската оперска сцена, рече претседателката на „Јас сум жена”, Ана Дукоска.

Ефтимова, со емоции и изненаденост го прифати вниманието од здружението. Македонската дива изрази благодарност за укажаната чест, и посака успешна работа.

Животна приказна на Милка Ефтимова е поткрепена со бројни награди од целиот свет, државното одликување Орден за заслуги за Македонија и овековечена со монографијата на Снежана Анастасова Чадиковска , „Светот на еден глас”. Ефтимова останува безвременска мотивација и инспирација за оваа и следната генерација жени во Македонија и во светот, да го продолжат културниот натпревар како неизбришлива трага од македонското постоење и придонес во светскиот хуманизам.

The post Соопштение за јавност – „Јас сум жена” во посета на оперската дива Милка Ефтимова, по повод 8 март appeared first on Јас Сум Жена.

]]>
Ребека Јанковска Ристески од Јас Сум Жена, на прием кај првата жена претседател на Македонија, проф. др. Гордана Силјановска Давкова https://jassumzena.mk/%d1%80%d0%b5%d0%b1%d0%b5%d0%ba%d0%b0-%d1%98%d0%b0%d0%bd%d0%ba%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d1%80%d0%b8%d1%81%d1%82%d0%b5%d1%81%d0%ba%d0%b8-%d0%be%d0%b4-%d1%98%d0%b0%d1%81-%d1%81%d1%83%d0%bc-%d0%b6/ Fri, 28 Jun 2024 14:45:34 +0000 https://jassumzena.mk/?p=7600 Ребека Јанковска Ристески, една од основачките на здружението за вмрежување на успешни жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“ денес беше на прием кај првата жена претседател на Македонија, проф. Др. Гордана Сиљановска Давкова. На средбата, Ребека ги претстави заложбите, активностите и програмата на здружението во насока на стекнување вештини, вмрежување и создавање можности за […]

The post Ребека Јанковска Ристески од Јас Сум Жена, на прием кај првата жена претседател на Македонија, проф. др. Гордана Силјановска Давкова appeared first on Јас Сум Жена.

]]>

Ребека Јанковска Ристески, една од основачките на здружението за вмрежување на успешни жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“ денес беше на прием кај првата жена претседател на Македонија, проф. Др. Гордана Сиљановска Давкова.

На средбата, Ребека ги претстави заложбите, активностите и програмата на здружението во насока на стекнување вештини, вмрежување и создавање можности за идните генерации. Претседателката Сиљановска Давкова ги сумираше впечатоците од минатогодишната Глобална Женска Лидерска Конференција каде беше гостинка, а Ребека ја претстави агендата за престојната, трета по ред, Глобална Женска Лидерска Конференција која ќе се одржи на 31 август и 1 септември оваа година.

Како долгогодишен активист за правата на лицата со попречености и мајка на дете со аутизам, Ребека имаше можност да зборува за секојдневните предизвици со кои се соочуваат лицата со попречености и предложи идеи за нивно ублажување, до целосно надминување.

Претседателката Сиљановска Давкова ги поздрави посветеноста и заложбите на Здружението „Јас Сум Жена“ и ја изрази својата поддршка посакувајќи успех во предвидените активности.

The post Ребека Јанковска Ристески од Јас Сум Жена, на прием кај првата жена претседател на Македонија, проф. др. Гордана Силјановска Давкова appeared first on Јас Сум Жена.

]]>
Мишева во одговор на честитката од „Јас сум жена„: Изборот на Сиљановска-Давкова за претседателка на Македонија не претставува сите нас жените, мојот труд во минатото и вашиот што доаѓа https://jassumzena.mk/%d0%bc%d0%b8%d1%88%d0%b5%d0%b2%d0%b0-%d0%b2%d0%be-%d0%be%d0%b4%d0%b3%d0%be%d0%b2%d0%be%d1%80-%d0%bd%d0%b0-%d1%87%d0%b5%d1%81%d1%82%d0%b8%d1%82%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%be%d0%b4-%d1%98/ Fri, 07 Jun 2024 10:47:10 +0000 https://jassumzena.mk/?p=7563 – Во овој момент не можеме да бидеме посреќни и поисполнети кога во Македонија е избрана првата жена претседател, почитуваната професорка Гордана Сиљановска Давкова, што претставува кулминација на нашата работа и не претставува сите нас, мојот труд во минатото и вашиот кој допрва доаѓа, вели Светлана Мишева, почесната претседателка на Македонската заедница во Холандија, во […]

The post Мишева во одговор на честитката од „Јас сум жена„: Изборот на Сиљановска-Давкова за претседателка на Македонија не претставува сите нас жените, мојот труд во минатото и вашиот што доаѓа appeared first on Јас Сум Жена.

]]>

Во овој момент не можеме да бидеме посреќни и поисполнети кога во Македонија е избрана првата жена претседател, почитуваната професорка Гордана Сиљановска Давкова, што претставува кулминација на нашата работа и не претставува сите нас, мојот труд во минатото и вашиот кој допрва доаѓа, вели Светлана Мишева, почесната претседателка на Македонската заедница во Холандија, во одговорот на честитката испратена до неа од Здружението „Јас сум жена“. 

Мишева неодамна ја доби наградата Златен Птоломеј за животно дело во Холандија, за што стигнаа бројни признанија од Македонците во целиот свет. „ Јас сум жена“ испрати искрена честитка до Мишева, со благодарност за сиот нејзин труд, вложување и дела во насока на промоција на Македонија, заложбата за Македонките во Холандија и пошироко.

Вашиот повик до Македонците во светот да не се откажуваат од својата идентитетска борба е примен со овации во нашето Здружение и претставува дополнителен нескротлив пламен , во овие исклучителни моменти кога повторно е воскреснато негирањето на нашето македонско постоење, се вели во честитката од претседателката на „Јас сум жена“, Ана Дукоска, испратена до Мишева.


Добитничката на Златен Птоломеј изрази поддршка за мисијата на „Јас сум жена“ во реализација на сите проекти кои претстојат, во рамките на семакедонската платформа.

Таа е единствен одликуван граѓанин од македонско потекло во Холандија, а пред 15 години стана член на Редот Оранје-Насау за нејзините заслуги и придонес во холандското општество.

Македонската заедница и ја додели наградата за животно дело надоврзувајќи се на државната награда на Холандија доделена во 2009 година. Светлана Мишева, во март 2024 година, имаше чест да ја облече „наметката на македонското достоинство“ и стана почесен претседател на Македонската заедница во Холандија.

Мишева е родена во Пробиштип во 1944 година. Детството и раната младост ги минала во Скопје и подоцна како активен член на фолклорниот ансамбл „Орце Николов“, во 60-тите години на друштвото, настапувала на речиси сите фолклорни фестивали низ целиот свет. Непосредно по земјотресот во 1963 година работела во тимот на јапонскиот архитект Кензо Танге во изградбата на Скопје и на повик на ансамблот „Орце Николов“ повторно заминала на турнеја во Америка, но овојпат на хуманитарни концерти и собирање помош за обнова на македонскиот главен град.

Во Холандија живее од 1971 година и таму помагала на бегалци, сиромашни и болни за чија хуманост, посветеност и грижа е одликувана во 2009 година.

За време на доделувањето на наградата за Мишева зборуваа поранешниот градоначалник на Хендрик-Идо-Амбахт Херман Јонкер во чиј мандат беше доделено одликувањето, Класине Шеле, која ја номинираше Светлана за да го добие ова државно одликување, а Георги Гоце Дуртаноски го презентираше нејзиниот живот со проекција на фотографии од најзначајните етапи од нејзиниот живот кои оставиле трага кај неа и кај другите.

Преку видео-пренос на настанот се обрати и холандската музичка ѕвезда Лени Кур, која во 1969 година беше евровизиски претставник на Холандија и една од победничките на Евровизија во Мадрид. Лени Кур упати прекрасни зборови до Светлана Мишева и евоцираше спомени од нивната средба во 1971 година.

The post Мишева во одговор на честитката од „Јас сум жена„: Изборот на Сиљановска-Давкова за претседателка на Македонија не претставува сите нас жените, мојот труд во минатото и вашиот што доаѓа appeared first on Јас Сум Жена.

]]>
Фирфова Данка https://jassumzena.mk/%d1%84%d0%b8%d1%80%d1%84%d0%be%d0%b2%d0%b0-%d0%b4%d0%b0%d0%bd%d0%ba%d0%b0/ Thu, 30 May 2024 20:44:47 +0000 https://jassumzena.mk/?p=7508 Фирфова Данка 1918 – 2003 Оперска пејачка – сопран и првенка на Операта на МНТ.   Пеење учела во Белград  и Софија, а се усовршувала и на Миланската скала во Италија. На почетокот на кариерата работела како наставничка по музичко воспитување во Земун, Велес и Скопје, а во 1947 учествувала во првите изведби на операта […]

The post Фирфова Данка appeared first on Јас Сум Жена.

]]>

Фирфова Данка

1918 – 2003

Оперска пејачка – сопран и првенка на Операта на МНТ.

 

Пеење учела во Белград  и Софија, а се усовршувала и на Миланската скала во Италија. На почетокот на кариерата работела како наставничка по музичко воспитување во Земун, Велес и Скопје, а во 1947 учествувала во првите изведби на операта „Кавалерија Рустикана“ на македонски јазик, со што станала една од основачите на Македонската опера. Музичката критика го истакнувала нејзиниот прекрасен драмски сопран, со голема носивост, заобленост и топлина.

The post Фирфова Данка appeared first on Јас Сум Жена.

]]>
Стрезова Крстева Сирма Сирма војвода https://jassumzena.mk/%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b5%d0%b7%d0%be%d0%b2%d0%b0-%d0%ba%d1%80%d1%81%d1%82%d0%b5%d0%b2%d0%b0-%d1%81%d0%b8%d1%80%d0%bc%d0%b0-%d1%81%d0%b8%d1%80%d0%bc%d0%b0-%d0%b2%d0%be%d1%98%d0%b2%d0%be%d0%b4%d0%b0/ Thu, 30 May 2024 20:42:59 +0000 https://jassumzena.mk/?p=7509 Стрезова Крстева Сирма Сирма војвода 1776 – 1864 Сирма војвода е војвода на ајдутска дружина. Според народните песни, откако ги надминала сите 70 свои соборци во ајдутските вештини, била избрана за војвода. Дејствувала како народен заштитник од турските насилници и албанските качаци главно на планините Стогово и Крчин. Поради стапување во брак со бајрактарот на […]

The post Стрезова Крстева Сирма Сирма војвода appeared first on Јас Сум Жена.

]]>

Стрезова Крстева Сирма Сирма војвода

1776 – 1864

Сирма војвода е војвода на ајдутска дружина. Според народните песни, откако ги надминала сите 70 свои соборци во ајдутските вештини, била избрана за војвода. Дејствувала како народен заштитник од турските насилници и албанските качаци главно на планините Стогово и Крчин. Поради стапување во брак со бајрактарот на четата Велко Спиров (од Крушево), се повлекла од ајдутскиот живот (1818) и со него живеела во Прилеп. Со неа, како 80-годишна старица, се сретнал и Димитар Миладинов (1856/7). Била убиена од прилепските Турци. Опеана е во неколку народни песни.

The post Стрезова Крстева Сирма Сирма војвода appeared first on Јас Сум Жена.

]]>
Станковска Бранка https://jassumzena.mk/%d1%81%d1%82%d0%b0%d0%bd%d0%ba%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b1%d1%80%d0%b0%d0%bd%d0%ba%d0%b0/ Thu, 30 May 2024 20:36:52 +0000 https://jassumzena.mk/?p=7510 Станковска Бранка 1931 – 2021 Бранка Станковска е радио и тв спикер и водител. Во Македонската радиотелевизија го поминала целиот работен век (1948-1987). Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 г. е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна (на 14 декември) […]

The post Станковска Бранка appeared first on Јас Сум Жена.

]]>

Станковска Бранка

1931 – 2021

Бранка Станковска е радио и тв спикер и водител. Во Македонската радиотелевизија го поминала целиот работен век (1948-1987). Нејзината најава на првиот телелевизиски пренос од Црн Врв на 5 јуни 1964 г. е почеток на програмата на ТВ Скопје, емитувана преку сопствената телевизиска мрежа. Неколку месеци подоцна (на 14 декември) Станковска ги читаше вестите на првиот телевизиски „Весник“, што го означи почетокот на емитувањето на редовната програма на Македонската телевизија.

The post Станковска Бранка appeared first on Јас Сум Жена.

]]>
Спировска Мена – Менче https://jassumzena.mk/%d1%81%d0%bf%d0%b8%d1%80%d0%be%d0%b2%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%bc%d0%b5%d0%bd%d1%87%d0%b5/ Thu, 30 May 2024 20:10:49 +0000 https://jassumzena.mk/?p=7491 Спировска Мена – Менче (1928-2011) Првата академски образована ликовна уметничка во Македонија   Спировска била прва графичарка во Македонија, пионерка во модерната уметност, а главно работела дрворез, како и цртежи во кои комбинирала различни техники и уметнички правци. Женскиот елемент бил нејзина главна карактеристика, прикажувана во женски ликови и актови. Творела во периодот од 1955 […]

The post Спировска Мена – Менче appeared first on Јас Сум Жена.

]]>

Спировска Мена – Менче

(1928-2011)

Првата академски образована ликовна уметничка во Македонија

 

Спировска била прва графичарка во Македонија, пионерка во модерната уметност, а главно работела дрворез, како и цртежи во кои комбинирала различни техники и уметнички правци. Женскиот елемент бил нејзина главна карактеристика, прикажувана во женски ликови и актови. Творела во периодот од 1955 – 1962. Нејзините дела биле изложени во: Скопје, Штип, Битола, Белград, Подгорица, Дижон, Мексико Сити, Лондон и други места.

The post Спировска Мена – Менче appeared first on Јас Сум Жена.

]]>
Плавевеа Роса https://jassumzena.mk/%d0%bf%d0%bb%d0%b0%d0%b2%d0%b5%d0%b2%d0%b5%d0%b0-%d1%80%d0%be%d1%81%d0%b0/ Thu, 30 May 2024 20:07:39 +0000 https://jassumzena.mk/?p=7493 Плавевеа Роса (1987-1970) Активистка за еднаквост за жените.   Била родена во Велес, каде работела како шивачка. Во 1900 се приклучила на Социјалостичката организација, па организирала состаноци на жени во нејзиниот дома, каде дискутирале за дискриминацијата на жените, можни кампањи за правата на жените и ги критикувале забулувањата на муслиманките. Плавевеа, меѓу другите, ја основала […]

The post Плавевеа Роса appeared first on Јас Сум Жена.

]]>

Плавевеа Роса

(1987-1970)

Активистка за еднаквост за жените.

 

Била родена во Велес, каде работела како шивачка. Во 1900 се приклучила на Социјалостичката организација, па организирала состаноци на жени во нејзиниот дома, каде дискутирале за дискриминацијата на жените, можни кампањи за правата на жените и ги критикувале забулувањата на муслиманките. Плавевеа, меѓу другите, ја основала Социјалистичката организација на жените во Скопје, започнала кампања против нееднаквоста и дискриминацијата наметнати со Српскиот граѓански законик и ги охрабрила Македонките да се спротивстават на конзервативните социјални и патријалхални норми. Плавева и нејзините колешки барале еднакви плати и се бореле за правото на глас на жените.

The post Плавевеа Роса appeared first on Јас Сум Жена.

]]>
Николова Георгиева Невена – Дуња https://jassumzena.mk/%d0%bd%d0%b8%d0%ba%d0%be%d0%bb%d0%be%d0%b2%d0%b0-%d0%b3%d0%b5%d0%be%d1%80%d0%b3%d0%b8%d0%b5%d0%b2%d0%b0-%d0%bd%d0%b5%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b0-%d0%b4%d1%83%d1%9a%d0%b0/ Thu, 30 May 2024 20:03:28 +0000 https://jassumzena.mk/?p=7474 Николова Георгиева Невена – Дуња 1925 – 1942 Невена Георгиева Дуња е припадничка на младинското, синдикалното и работничкото движење меѓу двете Светски војни, организатор и учесник во оруженото востание во Македонија (од 1941). Со своите 16 години, била најмладата партизанка во Првиот скопски партизански одред. По разбивањето на Одредот (октомври 1941) заминала во Велес, а […]

The post Николова Георгиева Невена – Дуња appeared first on Јас Сум Жена.

]]>

Николова Георгиева Невена – Дуња

1925 – 1942

Невена Георгиева Дуња е припадничка на младинското, синдикалното и работничкото движење меѓу двете Светски војни, организатор и учесник во оруженото востание во Македонија (од 1941). Со своите 16 години, била најмладата партизанка во Првиот скопски партизански одред. По разбивањето на Одредот (октомври 1941) заминала во Велес, а во ноември во Струмица.  Во мај 1942 г. (во отсуство) била осудена на 7 години строг затвор. Во септември 1942 г. станала борец на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“; загинала во судир со бугарската полиција и контрачетниците кои, откако тешко ја раниле, ѝ ја отсекле главата.

The post Николова Георгиева Невена – Дуња appeared first on Јас Сум Жена.

]]>