Кочовска Цветковиќ Фана
1927 – 2004
Фана Кочовска Цветковиќ била македонски првоборец и народен херој. Носител е на Партизанска споменица 1941. Била најмлад прогласен народен херој на Југославија. Со неполни 14 години станала младинска активистка. Во 1942 година била партизанка во Битолскиот партизански одред „Гоце Делчев“ и младински раководител во Баталјонот „Стив Наумов“. Учествувала во Февруарскиот поход.
По Ослободувањето вршела високи општествени и државни функции.