Јас Сум Жена

БИДИ ДЕЛ ОД МРЕЖАТА НА „Јас Сум Жена“

Ако веруваш во женска поддршка и солидарност,
ако веруваш во моќта на вмрежувањето и заедничкото делување;
ако практикуваш споделување на знаење, вештини и ресурси;
ако се залагаш за полова рамноправност и
ако сакаш да бидеш инспирирана и инспирација за следната генерација жени,
тогаш мрежата на „Јас Сум Жена“ е местото каде што припаѓаш.

БИДИ ДЕЛ ОД МРЕЖАТА НА
„Јас Сум Жена“

"Ако веруваш во женска поддршка и солидарност, ако веруваш во моќта на вмрежувањето и заедничкото делување; ако практикуваш споделување на знаење, вештини и ресурси; ако се залагаш за полова рамноправност и ако сакаш да бидеш инспирирана и инспирација за следната генерација жени,
тогаш мрежата на „Јас Сум Жена“ е местото каде што припаѓаш."

Ексклузивна библиотека

Ексклузивен пристап до целосни видео-снимки, експертски анализи, извештаи и дигитални изданија.

Ексклузивни
настани

Бесплатно присуство на еден настан исклучиво само за членови на 

Јас Сум Жена.

Членски
попусти

Попуст за котизација за семинари и останати настани организирани од 

Јас Сум Жена (за физичко лице)

Заеднички
напредок

Користење на вашите стручни квалификации за унапредување на областа во која сте експерти.

Поволности:

Индивидуално членство

1200 ден/годишно

Важи 12 месеци од датумот на уплатата

Членство за правни лица

6000 ден/годишно

Важи 12 месеци од датумот на уплатата (на фактура)

Стани член во 4 лесни чекори:

1

Пополнете ја пристапницата

Пополнете ја пристапницата со вашите информации и

 потпишете ја дигитално. 

2

Извршете уплата
во банка

Извршете уплата во банка и фотографирајте ја уплатницата.

3

Испратете
е-пошта

Испратете ја фотографијата 

од уплатницата на jassumclen@jassumzena.mk.

4

Потврда за
активно членство

Ќе добиете е-пошта со дополнителни упатства, ваш персонализиран код за целосен пристап до платформата.

Пристапница

ТЕСТ

Уплатница

Подготвена си да бидеш инспирација
за следната генерација жени?
Твојата промена започнува денес.

Затоа што твоите цели се достижни и твојата визија заслужува поддршка - со вистинската мрежа позади тебе!

Често поставувани прашања:

Кој може да стане член на „Јас Сум Жена“?

Членството е отворено за секоја девојка или жена, како и за организации што ја поддржуваат нашата визија и цели. Сите кои се согласуваат со  мисијата на здружението и ја уплатиле годишната членарина можат да станат дел од нашата заедница.

 

Дали членарината се плаќа еднократно или месечно?

Членарината се плаќа еднаш годишно и важи 12 месеци од денот на уплатата.

На пример, ако е уплатена на 1 септември 2024 година, членството ќе трае до 31 август 2025 година.

Како да ја уплатам членарината?

Извршете банкарска трансакција на нашата сметка и испратете ја скенираната/фотографирана уплатница  на jassumclen@jassumzena.mk.

Податоците за нашата банкарска сметка се прикажани на примерокот од фотографијата.

 

Што добивам по успешно завршена апликација?

На е-пошта ќе добиете единствен пристапен код, кој ви овозможува да се најавите на платформата каде ќе имате непречен ексклузивен пристап до ексклузивната библиотека на „Јас Сум Жена“и да ги користите сите останати придобивки.

Можам ли да учествувам на настани ако не сум член?

Јас Сум Жена организира настани кои се отворени за пошироката јавност и настани кои се наменети ексклузивно и само за членови.

Како се обновува членството?

Членството се обновува или продолжува со повторна уплата на членарината пред истекот на предвидениот рок, а корисникот добива потсетување преку е-пошта 30 дена пред истекувањето, притоа пристапниот код и вашиот профил остануваат непроменети.

Што ако ја изгубам уплатницата или пристапниот код?

Испратете е-пошта на jassumclen@jassumzena.mk со вашето име и презиме и датум на уплата; тимот ќе ви испрати копија од кодот или ќе издаде нов, според потреба.

Translate »
Translate »