Јас Сум Жена

конференција
2023

Втората Глобална Женска Лидерска Конференција во Македонија „Јас Сум Жена“ се одржа на 2 и 3 Септември, 2023 година во Националната установа Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид во организација на Здружението за вмрежување на жени, едуцирање и истражување „Јас Сум Жена“.

 

Конференцијата беше отворена со ликовна изложба со портрети од панелисткитечии автори се Ева Китрозоска и Мила Пеовска. Темите кои беа опфатени на конференцијата беа поделени во четири области и тоа:

● Македонки во градежна индустрија

● Македонки во нетипични професии

● Македонки и културна промоција на Македонија

● Македонки во светот.

 

Во склоп на конференцијата, предавање под назив „Свето Тројство за брилијантност“ одржа тренерот за животни вештини, Вишња Дурацоска. Домаќинката Наташа Неданоска одржа поздравен мотивациски говор во нејзината домаќинска куќа „Пирустија Неданоски“, по кој следуваше Арт Терапија „Цртаме во ⅞ такт“ подводство на лиценциран психолог Цветанка Бурзевска со музичка придружба на ЕваКитрозоска, Елена Андрееска и Мила Пеовска.

Панел Дискусии

01

Македонки во градежна индустри ја

02

Македонки во нетипични професии

03

Македонки и културна промоција на Македонија

04

Македонки
во светот

панел дискусии ден 01

Македонки во градежна индустрија

емилија-василевска

Емилија Василевска

Модераторка на панел дискусијата

кристина-радевски

Кристинка Чулак

Панелистка

Дипломиран архитект, Претседателка на Комората наовластени архитекти и овластени инженери.

николина шутиноска

Николина Шутиноска Никодиновска

Панелистка

Магистер по електротехника соспецијализација во обновливи извори на енергија

Македонки Во нетипични професии

misheva

Елена Мишева Бајгора

Модераторка на панел дискусијата

марија-ѓорѓиев

Марија Ѓорѓиева

Панелистка

Помошен директор за партнерства при Глобалната сајбералијанса

зорица-здравковска

Зорица Здравковска - Николова

Панелистка

Професионален офицер

jasmina atanasova

Јасмина Атанасова Симјаноска

Панелистка

Искусен архитект.  Прв дипломиран оџачар во Република Македонија.

visnja duracoska

Вишња Дурацоска

Тренер за животни вештини.

Предавање на тема:

„Свето Тројство за Брилијантност“

панел дискусии ден 02

Македонки и културни промоции на Македонија

нина јанева

Нина Јанева Николовски

Модераторка на панел дискусијата

дарија андовска

Дарија Андовска

Панелистка

Деканка на Факултетот за музичка уметност и редовен професор по Група наставни предмети од областите теорија на музиката, музички форми со анализа, хармонија и полифинија со анализа и композиција.

велика стојкова

Велика Стојкова Серафимовска

Панелистка

Пратеничка во Собрание на РепубликаМакедонија, професор по Светски музички фолклор, традиционално пеење, група предмети од областа на етномузикологијата, доцент и научен истражувач.

Македонки во светот

ana-dukoska

Ана Дукоска

Модераторка на панел дискусијата

стефанија гаштарска

Стефанија Гаштарска

Панелистка

Македонка со импресивно балетско образование меѓу кои и балетската академија во Москва.

билјана јуруковски

Билјана Јуруковски

Панелистка

Фотограф

симона живковска

Симона Живковска

Панелистка

Актерка. Глуми во многу ТВ емисии, играни филмови (МАРВЕЛ), ТВ серии и многу други кратки филмови и театарски продукции.

ана велинова

Ана Велиновска

Панелистка

Македонска пијанистка, истражувачка и изведувачка насовремена класична музика.

Арт Терапија со Цветанка Бурзевска

Опис на Работилницата: Музиката и уметноста, особено сликарството, имаат блиски односи. Околината во која музиката и уметноста се одвиваат заеднички влијае на нашиот креативен процес. На оваа работилница се обидиовме да слушаме различни музички жанрови додека сликавме. Музиката влијае на вашата потсвест, што  резултираше со различно сликање. Со други зборови, различни видови музика влијаат на процесот на сликање. На пример, има моќен ефект врз означувањето и изборот на бои.

 

Цел на работилницата: Постигнување свест за именување и разбирање на нашите емоции, како да ја препознаеме емоционалната состојба во една ситуација и како да се саморегулираме, да ја намалиме зачестеноста на непријатните емоции, да го намалиме нашето емоционално страдање и да бидеме свесни за нашите чувства и емоции во моментот и да имаме пореална проценка на нашите сопствени способности. Научивме како да уживаме во музиката и како да се опуштиме. 

цветанка бурзевска

Цветанка Бурзевска

Предавач

Психолог, гешталт советник, психотерапевт , практичар и тренер по Арт терапија.

ева китрозоска

Ева Китрозоска

Клавинола.

Ко-Авторка на ликовната изложба.

мила пеовска

Мила Пеовска

Вокал.

Ко-Авторка на ликовната изложба.

елена андреевска

Елена Андреевска

Флејта.

Галерија

Спонзори