Skip to main content

Јас Сум Жена

Јоноска Мирјана

1938

Физичарка и универзитетска професорка.

 

Дипломирала физика на Природно-математичкиот факултет во Скопје кадешто потоа магистрирала, докторирала, работела како астистентка, а потоа била избрана за редовен професор. Авторка е на универзитетски, средношколски и учебници за основно образование, голем број практикуми, збирки, и учебни помагала. Има објавено на 122 научни труда, 54 стручни и 89 научно-популарни публикации. Била продекан на Факултетот за физика, претседателка на Советот на факултетот за физика, членка на Националниот комитет за физика на Сојузот на друштвата на математичари, физичари и астрономи на Југославија, потпретседателка на Комисијата за мерни единици на СФРЈ и претседателка на Друштвото на физирачи.

Носителка е на „Орден на трудот“ со сребрен венец.

Translate »
Translate »